Земјо Македонска, уважавам те,
Земјо Македонска, уважавам те,
земјо Македонска,
земјо турско-ропска Македонијо
уважувам те.
Уважавам твоите Македонијо
гори високи,
Уважавам твоите Македонијо
гори високи,
горите висојте
и во теб’ херојте Македонијо
сто ги раѓаш ти.
Потем се белеат Македонијо,
безбројни стада,
Потем се белеат Македонијо,
безбројни стада,
стадата белеат
а гроздови зрејат Македонијо,
по твои ридови.
Ништо не те плаши Македонијо,
на овој бели свет,
кој душман ќе влезе
жив нема да излезе Македонијо,
ти го ставаш в гроб.