Ранета сум,
на истото место, повторно и повторно,
ама премолчев.
Ми го уништи животот,
тешко ме повреди,
стана мојата болка.
И ја видов вистината,
Оној вистинскиот ти, во твојата внатрешност.
Но и покрај тоа
ги држев твоите ладни раце.
Колку пати заминував?
ама се спречував себе си.
Не можев да го направам тоа, не можев да те повредам
како што ти ме повреди мене.
Зарем не беше тажен додека ми го вадеше срцето?
Зар не се покаја додека ги прекршуваше ветувањата дадени со љубов.
Како можеше да ме гледаш додека се збогуваше од мене?
Јас сум многу тажна,
Зарем ти не си?