Те сакав како река своjот камен
Те сакав како облак своjот дожд
Те сакав како оган своjот пламен
А сега ние не сме веќе заедно
Те љубев како сликар свое дело
Те будев како магла овој град
Те барав како духот ново тело
А дојде време други да не разделат
Во пепелта на љубовта
Еве песна нека биде жар
Да застанеш, да заплачеш
Да ме спомнеш бар
Те сакав како птица своја гранка
Те чекав како поет својот стих
Те чував како дете своја санка
Но дојде ден од кога јас те загубив
Те љубев како сликар свое дело
Те будев како магла овој град
Те барав како духот ново тело
А дојде време други да не разделат
Во пепелта на љубовта
Ева песна нека биде жар
Да застанеш, да заплачеш
Да ме спомнеш бар
Те сакав како река своjот камен
Те сакав како облак своjот дожд
Те сакав како оган своjот пламен
А сега ние не сме веќе заедно