Дали постои надеж, љубов јас да те наречам?
Долго срце ми крадеш
а никако да се предадеш
Ти си моја срна, шума е душава
Цела ноќ бегаш
и пред зори заспиваш
Усни на усни
Тивка музика
Раце во коси
Колку си убава
Очи во очи
Рај во душата
Срце во срце
Сакај ме, најмила
Прв пат сонувам буден
одам низ поле ѕвездено
Ти си бескрајно моја, царство си љубовно
Тука нема време, луѓе и правила
Тука сме ние на чекор од вечноста
Усни на усни
Тивка музика
Раце во коси
Колку си убава
Очи во очи
Рај во душата
Срце во срце
Сакај ме, најмила