Се редат слики,
по Мискиновата улица шетаат,
девојки како вили
одамна поминато време
сите вие бевте мои
Се навраќаат деновите
мирисат црешите
кога ќе се симнам низ Коваче
те прашувам уште еднаш,
што ти значат овие песни
Реф х2
За кого ноќва
го чуваш златников околу вратот
и дали се уште моето име
ја отвора вратата на твоето срце
Збогум минати ноќи,
забава во паркот,
ти покрај мене, и гитарава
не знам дали повторно би можел
да бидам оној истиот а ти онаа старата
Реф
За кого ноќва
го чуваш златников околу вратот
и дали се уште моето име
ја отвора вратата на твоето срце
Реф
Ќе ме чекаш ти,
да дојдам јас
ќе ме чекаш ти
(2х)