Дали не те познавам, дали си илузија
дали таков си од секогаш.
Ноќва е пеколна, мисли не ме слушаат
солзи не ме пуштаат да заспијам.
Од земја се одвојувам, а сонот ми се срушува
кога сакам да полетам.
Сонот ми најавува, сонот ми покажува
ме предаваш, ме предаваш...
рефрен:
Јас за тебе направив баш сѐ
губиш сѐ, како што е ред
доволно, доволно е
не кради ме повеќе
ти дадов сѐ.
Ново утро ми се случува, мене ме воскреснува
како да заборавив, на друга страна те оставив.
И денот ме прегрнува, нов век, нов милениум,
уште илјада години се пред нас.
Само заборави ме, само заборави ме
заборави ме...
Денот ми најавува, денот ми покажува
исчезнуваш, исчезнуваш...
рефрен:
Јас за тебе направив баш сѐ
губиш сѐ, како што е ред
доволно, доволно е
не кради ме повеќе
ти дадов сѐ.