От куд одиш, млад делијо?
Весел одиш, весел пејеш
Кој ти даде то весеље?
Даде ми го свети Јован
Свети Јован от Елбасан
И ти да си жив и весел!
От куд одиш, богаташе?
Весел одиш с полни руци
Кој ти даде полни руци?
Даде ми ги свети Јован
Свети Јован от Елбасан
И ти да си жив и богат!
От куд одиш, стара бако?
Брго одиш като мома
Кој ти така крепост даде?
Даде ми је свети Јован
Свети Јован от Елбасан
И ти да си жив и крепaк!
От куд одиш, аргат мори?
Кој ти зема мрак со чело?
Кој ти даде лицето светло
Аман светло како сонце?
Мрак ми с чело светец зема
И даде ми лицето светло
Свети Јован от Елбасан
И ти да си жив и светел!
И ти да си жив и светел!