current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Strani amori [Macedonian translation]
Strani amori [Macedonian translation]
turnover time:2024-11-08 03:57:28
Strani amori [Macedonian translation]

Жалам, но заминувам

Иако знаев дека лaга е

Сето време загубено по него

Кој што ветува, но не се смени

Необични љубови, создаваат проблеми

Иако, навистина, тоа сме ние

И го чекаш покрај телефон

Расправајќи (се) дали е слободен

Со срце стегнато во стомак

Како клопче во аголот

Тука, сама, во грч заледена

Зошто ли го нема, тоа се...

Необични љубови кои прават да растеме

И да се смееме низ солзите

Колку ли страници има за пишување

Сништа и модринки за споделување

Тоа се љубови кои на овие години

Ја бунат душава

Која се прашува, но не одговара

Дали ова е љубов за нас

Kолку ли ноќи поминав во солзи

Читајќи ги повторно писмата твои

Не можеш повеќе ни да ги фрлиш

Заплеткан(а) во лавиринтот на носталгијата

Големи љубови кои завршуваат

Но зошто ли остануваат во срцето

Чудни љубови пристигнуваат и заминуваат

Во мислите кои ги сокриваат

Вистински настани кои ни припаѓаат

Но се напуштаат како и ние

Необични љубови - лесно кршливи

Затвореници, слободни

Необични љубови кои не знаат да живеат

И се губат во нас самите

Жалам, сепак заминувам

Тоа си го ветив самата

Бидејќи сакам вистинска љубов

Без тебе

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by