Упати се кон рушевините
од алтарот и трговскиот.
Упати се кон басните
за создавањето и падот.
Оддалечи се од палатите
кои се издигнуваат над гнилоста,
година по година,
месец по месец,
ден по ден,
мислам по мисла.
Оддалечи си го срцето од вистината
во која веруваше вчера,
како фундаменталната добрина
и спонтаната мудрост.
Оддалечи си го срцето, бесценетото срце,
од жените кои ги купуваше,
година по година,
месец по месец,
ден по ден,
мисла по мисла.
Упати се кон болката
која е повеќе вистинска од тебе
која го сруши космичкиот модел
и го заслепи сечиј поглед.
И не терај ме да одам таму
дал' имало бога или не,
година по година,
месец по месец,
ден по ден,
мисла по мисла.
Шепотат уште, античките камења,
истапените планини липат,
ко што он умре за да не' направи свети,
дај ни да умреме за да ги направиме нештата ефтини.
И кажи ја Меа Кулпа, која веројатно ја заборави
година по година,
месец по месец,
ден по ден,
мисла по мисла.
Упати се, о мое срце,
иако немам право да го замолам
оној кој не беше никогаш
еднакво во задачата
кој знае дека ќе биде осуден
кој знае дека ќе биде стрелан
година по година,
месец по месец,
ден по ден,
мисла по мисла.
Шепотат уште, античките камења
истапените планини липат,
ко што он умре за да не' направи свети,
дај ни да умреме за да ги направиме нештата ефтини.
И кажи ја Меа Кулпа, која постапно ја заборавае,
година по година,
месец по месец,
ден по ден,
мисла по мисла.