Со маки сум се родила (родил јас),
со жалости јас ќе си умрам.
Маките да ми ги напишете,
одозгора на гробот мој.
Ќе се качам на планина,
ќе влезам в' темни пештери.
Очите да ми паралдисаат,
сонцето да не го видам.
Ќе слезам долу в' ѓул бавчи,
по тој ми алов катмер каранфил.
По тој алов катмер каранфил,
по тој ран, бел босилок.