Сношти сакав да ти дојдам,
на таа слатка вечера,
на тоа вино црвено,
а бре, будало.
Лошо време ме зафати,
ситна роса зароси,
силен ветер задува,
затоа не дојдов.
Каков јунак ти ќе бидеш
од роса да се уплашиш,
кај мене да не дојдеш,
а бре, лудо бре.