current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Слобода [Sloboda] [Croatian translation]
Слобода [Sloboda] [Croatian translation]
turnover time:2024-11-14 16:48:38
Слобода [Sloboda] [Croatian translation]

(Тони Зен)

Гасам телефонот, гасам телевизор,

гасам и компјутер зошто нема ништо битно

бегам со мисли на место каде не е исто

во котлина е тешко, веќе не се диши чисто

измеѓу лицемерие и лажни патриоти

не сакам да бидам заглавен, не свирам нивни ноти

ја', немам ништо против, само имам чиста мисла

не ме влечи доле, летам слободно ко птица

не ми треба виза, ни граници, ни војни

доста од проблемите, денеска се многубројни

сакам да ги видам луѓето од друга страна

кога рака ќе се дава на секого што е паднат

али, можеме сами или тонеме во идеали

од мали нѐ учат да станеме големи будали

целиот живот затворени во едно место

логорот е тесен, изборот е бегство

(Даниел)

Застани, посакај, замисли

нешто да се промени

исправи се и не дозволувај

да живееш заробен во свет на слобода

(Тони Зен)

Остави ме да дишам, остави ме да сум слободен

воздухот ми е доволен, ме прави да сум жив

многу исполнет и див, зелен во свет сив

кој има премногу тајни, а јас сум изгубен во нив

мижам, пишувам и бришам, размислувам и движам

сонот го живеам и правам така како мислам

во мене оганот што гори започнал со искра

и не застанувам пред целта, зошто ми е блиска

моќта е во зборот, овие зборови мои се

се верува во друг, зошто не знаеме кои сме

сите на број сме, напишани со букви

излажани многу, историја со црни дупки

трагам по вистината со желбата во мене

затоа сум тука, за да оставам ја' белег

на крајот од тунелот гледам само победа

и нема ништо подобро од таа слобода

(Даниел) x2

Застани, посакај, замисли

нешто да се промени

исправи се и не дозволувај

да живееш заробен во свет на слобода

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by