Падна магла,
скопска магла падна врз мене
падна и пред твоите дворови
мене нема кој
порти да ми отвори
Мене нема никој
златно јаболко да подари
Гледај, плачам како жална врба скршена
за нашта љубов незавршена
мене нема кој
порти да ми отвори
мене нема никој
еден златен Бог да прозбори
Ајде дали знаеш дали паметиш
кога ќе те видев себе не гледав
а сега сликите твои не чувам
чеизот за нас двајца не, не редам
а сега очите твои не љубам
кога ќе ги видам, ќе се изгубам
Падна магла,
скопска магла падна врз мене
падна и пред твоите дворови
сега добро знам
нема прстен за мене
сега добро знам
гледај како умирам.
Ајде дали знаеш дали паметиш
кога ќе те видев себе не гледав
а сега сликите твои не чувам
чеизот за нас двајца не, не редам
а сега очите твои не љубам
кога ќе ги видам ќе се изгубам