Скопје има микроклима,
изгор лето, кочан зима,
Градски ѕид и голи брда,
сино небо, земја тврда.
Матен Вардар брзо тече,
тајни носи, време влече.
Скопје прави падни - стани,
има девет лути рани.
Скопје има славни маала
Дебар маала није шала.
Скопје јава брзо коњче,
а бре момче Македонче.
Насмевни се, не бери гајле,
намигни ми, ајде на здравје, Скопје!
Градот пости, градот пие,
градот демне, градот спие.
Рано утро чкембе чорба,
после секој своја борба.
Млади моми љубов водат,
душа вадат, очи бодат.
Разни бељи прават деца,
сите ќе ги папа меца.
Насмевни се, не бери гајле,
намигни ми, ајде на здравје, Скопје!
Јас и ти сме браќа стари,
таква љубов чини пари,
ти ме чуваш, ти ме сфаќаш,
ти за кусур не ми фаќаш.
Насмевни се, не бери гајле,
намигни ми, ајде на здравје, Скопје!