current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Separate Ways [Acoustic] [Macedonian translation]
Separate Ways [Acoustic] [Macedonian translation]
turnover time:2024-12-02 18:46:03
Separate Ways [Acoustic] [Macedonian translation]

Денес видов лице кое само го сонев.

Препознав чувство кое некогаш го чувствував,

Од некогашно време, место кое мислев дека го напуштив одамна...

Стоев некое време, чувствував како здивот ме напушта.

Ѝ го изустив името и тогаш се сврте да ме види.

За момент имаше нешто во нејзините очи... како да велеше

Ништо се нема променето

Тргнавме по различни патишта

Но, во нашите срца никогаш не се променивме.

Фрливме сѐ во вода, би можеле ли да се вратиме назад повторно?

Научив да продолжам понатаму,

Научив да се соочам со деновите,

Без неа, без трага (од неа).

Толку близку бевме за да се допреме,

За малку ќе ја фатев за рака.

Времето може да излета,

Но, ништо не може да го промени човекот внатре,

Или да ни ја врати љубовта која некогаш ја одрековме!

Имавме сѐ...таа беше онаа која ме спаси,

Не знаев дека засекогаш ќе ме промени,

И мислам на неа и ја гледам на секое место каде одам.

Свеќата изгоре, но во темниот свет

Би го разделил животот мој на пред и после неа.

Сега гледам дека никогаш ништо се нема сменето

А, доцна е, времето, плимата и осеката не можат да чекаат.

Тргнавме по различни патишта

Но, во нашите срца не се променивме.

Фрливме сѐ во вода, би можеле ли да се вратиме назад повторно?

Научив да продолжам понатаму,

Научив да се соочам со деновите,

Без неа, без трага (од неа).

Толку близку бевме за да се допреме,

За малку ќе ја фатев за рака,

Времето може да излета,

Но, ништо не може да го промени човекот внатре,

Или да ни ја врати љубовта која некогаш ја одрековме!

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by
Show More Comments
Toše Proeski
  • country:Macedonia
  • Languages:Macedonian, Croatian, English, Aromanian+5 more, Serbian, Romani, Slovenian, Bosnian, Italian
  • Genre:Folk, Opera, Pop, Pop-Folk, Pop-Rock, Rock, Singer-songwriter
  • Official site:https://www.facebook.com/ToseProeskiMusic
  • Wiki:https://mk.wikipedia.org/wiki/Тоше_Проески
Toše Proeski
Latest update
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved