Кога би ги имал сите пари
и злато дома,
се плашам дека би изчезнале наеднаш,
дури и невина насмевка,
ја менувам во плач,
и на Земјата правам бура од страдања.
Кога би бил владетел
и би имал таква моќ
ненамерно би го угаснал денот и би го направил ноќ,
дали само мене ми се чини
или овие нешта
ме следат како постојани шпиони?
А не гледаш дека само,
а не гледаш дека само...
Ти ставам отров во чајот.
Сега знам која е причината што не се враќаш,
немам изговори,
јас само не сакам да останам сам на крајот.
Кога би ги имала парите
и сето злато,
ти би знаела како да направиш од него бајка,
и невиниот плач
го менуваш во насмевка,
и на Земјата правиш незаборавен танц за сите.
Кога би била владетел
би имала моќ
сите луѓе би се забавувале секоја ноќ.
Но мене тоа
не ми одело никогаш.
Мојот брод би потонал дури и на суво.
А не гледаш дека само,
а не гледаш дека само...
Ти ставам отров во чајот.
Сега знам која е причината што не се враќаш,
немам изговори,
јас само не сакам да останам сам на крајот.