current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Разболел ми се левенди Ѓуро [Razbolel mi se levendi Gjuro] lyrics
Разболел ми се левенди Ѓуро [Razbolel mi se levendi Gjuro] lyrics
turnover time:2024-11-25 23:14:45
Разболел ми се левенди Ѓуро [Razbolel mi se levendi Gjuro] lyrics

Разболел ми се левенди Ѓуро,

разболел ми се, в Бистра планина,

на бачилото Солумуница.

Ој, ти бре брате, брате Стојане,

јавни си коња, коња дорија,

слези си долу, Солунско поле.

Солунско поле, овча наија,

овча наија, село Панонија,

и да ја викнеш, сестра Марија.

Послуша Стојан, брата си Ѓуро,

и ми отиде Солунско поле,

за да ја викне сестра Марија.

Готви се, сестро, на свадба да одиш,

ќа ми се женит братот ми Ѓуро,

ќа ми се женит братот ми Ѓуро.

Еј, ти бре, брате, брате Стојане,

дал' да облечам руво радосно,

ил' да облечам руво жалосно?

Кога втасаје Каленберица,

го праша Стојан, сестра Марија:

- Зашчо пилиња жалосно пеет?

Овдека имат секакво пиле,

затеа o слушаш жалосни песни,

затеа o слушаш жалосни песни.

Кога втасаје Бистра планина:

- Зашчо мирисат темјановина,

да не е умрел братот ми Ѓуро?

Овде ми растет секакво цвеќе,

затеа мирисат темјановина,

затеа мирисат темјановина.

Кога втасаје река Бистрица,

на бачилото Солумуница:

- Зашчо се збрале купче овчари?

Да не го носет братот ми Ѓуро?

Не ми го носет левенди Ѓуро,

туку го женет за црна земја!

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by
Show More Comments
Macedonian Folk
  • country:Macedonia
  • Languages:Macedonian, Bulgarian, Greek
  • Genre:Folk
  • Official site:http://pesna.org/
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Music_of_the_Republic_of_Macedonia
Macedonian Folk
Latest update
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved