Остани така за миг,
не гледај кон мене,
бидејќи не би можел да издржам
ако го впериш погледот во мене.
Би ми се вкочанило телото,
ми се има случено порано,
па не можам да зборувам.
Можеби мислиш дека сум луд
и до некаде е точно.
Морам да го прифатам,
но ако не ти објаснам
што чувствувам одвнатре,
нема да разбереш
кога ќе ме видиш како плачам.
Никогаш не сум се почувствувал така осамено
како вчера кога
одеднаш го сфатив додека молчев.
Животот ми соопшти викајќи
дека никогаш те немав и никогаш не те загубив
и ми објасни
дека љубовта е нешто
што се појавува одеднаш
во природен облик,
полна со оган.
Ако ја бараш со сила, овенува
пред да почне завршува.
Сега можеби можеш да разбереш
дека ако ме допреш ми гори кожата.
Сега можеби можеш да разбереш
и не враќај се ако не сакаш да го видиш.
Плачам заради тебе,
плачам без тебе,
дека веќе те имав,
дека не си за мене,
и јас плачам.
Никогаш не сум се почувствувал така осамено
како вчера кога
одеднаш го сфатив додека молчев.
Животот ми соопшти викајќи
дека никогаш те немав и никогаш не те загубив
и ми објасни
дека љубовта е нешто
што се појавува одеднаш
во природен облик,
полна со оган.
Ако ја бараш со сила, овенува
пред да почне завршува.
Сега можеби можеш да разбереш
дека ако ме допреш ми гори кожата.
Сега можеби можеш да разбереш
и не враќај се ако не сакаш да го видиш.
Плачам заради тебе,
плачам без тебе,
бидејќи веќе сфатив,
дека не си за мене,
и еве плачам.
Бидејќи плачам заради тебе,
плачам без тебе,
бидејќи веќе сфатив,
дека не си за мене,
и еве плачам.