Пак ме разбуди од сон
тој немир што распалува
дали постоиш ти или гледам
само сенка
Tи оди си, јас веќе
не те сонувам
Твојот мирис денот
нов го измива
Прашувам без глас
што остана од нас
и не знам дал сакам
да откријам јас лага
скриена зад зидот сив
што не дели
Прашувам без глас
што остана од нас
за крај ти замолчи
со лаги престани
Долго бегаме од себе
како сенки пак се следиме
љубовта ја лажеме за нас
Не чувствувам јас вина
друга имаше и кажи ми
ти дали вредеше
Прашувам без глас
што остана од нас
и не знам дал сакам
да откријам јас лага
скриена зад зидот сив
што не дели
Прашувам без глас
што остана од нас
за крај ти замолчи
со лаги престани
Немам веќе сила да си заминам
немам веќе гордост за да останам
за крај, за крај
за крај ти кажи ми
Прашувам без глас
што остана од нас
и не знам дал сакам
да откријам јас лага
скриена зад зидот сив
што не дели
Прашувам без глас
што остана од нас
за крај ти замолчи
со лаги престани