Помниш ли, либе Тодоро,
кога се двајца љубевме?
Кога се двајца љубевме,
во чичовата градина?
На едно гранче седевме,
вишни, черешни беревме.
Вишни, черешни беревме,
лоша си клетва зедовме.
Кој ќе се прво ожени,
тој тешко болен да лежи.
Девет години да лежи,
девет постели да смени.