Како птица в мај ќе слета
кај вљубените
Блазе им, а ние каде сме?
Како срце в божур цвета
За моето си
и најмила и проклета ти
Рефрен:
Полско цвеќе нека млад ме покрие
Душа нек ми љубат облаци
кога нејќеш ти
Камо среќа да ми згаснат очиве
Ако врз тебе се послани
Туѓи бакнежи
Лесно и во чест и Бога
да се заколнам
А како крвта да ја погазам?
Женски солзи небо гледа
Но ќе запише
само кога маж ќе заплаче
Рефрен:
Полско цвеќе нека млад ме покрие
Душа нек ми љубат облаци
кога нејќеш ти
Камо среќа да ми згаснат очиве
Ако врз тебе се послани
Туѓи бакнежи