Години поминати, закопани под земја
Станавме група зомбија што свират.
Во биртијата после третата, Теди разигран рече:
„Момци, не сакам засеко'аш да бидам подрумски човек“.
Со текон на времето сме сѐ потивки,
Следат првите компромиси.
Оттука само чекор - два,
До почетокот на поразот
Пејте нешто љубовно,
Сигурно, тихо, стерилно
Пејте нешто љубовно
Женските свршуваат на тоа
Си ги продадовме и мадињата,
Ама па затоа свираме секаде.
Тераси, фестивали,
Повеќе ѓубре, поголема пара.
Нѐ слушаат девојки
Пензионери и бабички.
И сите умни инвалиди,
сенилни и глувонеми.