Главата ми е во облаците
облаци на осаменоста
Се чувствував толку сигурна,
Толку сигурна во себе на покривите... на Париз
На мојот велосипед, се сеќавам
како јурев по улиците,
бев бесмртна
зашто ти ми даде крилја... за животот
Париз, не смеј се,
но морам да ти кажам нешто:
-- Ти си мој татко,
родена сум во твоите раце,
и како тебе, имам свето срце
Париз, не смеј се,1
дури и ако тоа те засрамува,
јас те сакам, тате,
родена сум во твоите раце,
и за ништо на светов,
не би те напуштила
Осамена сум кога се шетам,
со жицницата,
далеку од големите големите булевари,2
секогаш си ми убав, виден одозгора
На улицата „Абес“, се сеќавам
со другар ми Леон и неговата усна хармоника,
ја пеевме на покривите...
оваа песна
Париз, не смеј се,
но морам да ти кажам нешто:
-- Ти си мој татко,
родена сум во твоите раце,
и како тебе, имам свето срце
Париз, не смеј се,
дури и ако тоа те засрамува,
јас те сакам, тате,
родена сум во твоите раце,
и за ништо на светов,
не би те напуштила, за ништо на светов.
Не би заминала, за ништо на светот,
не би те оставила... Панам.3
1. мала игра на зборови, „ri-pas“ е жаргон за Париз 2. појас од авении околу Париз, создадени во втората половина на XIX век3. друго име за Париз