Седумдесет и некоја со татко ми на Водно,
со очи невини и џебоj полни костени.
А таму долу градот ко во школка бисерна
мирно дише ко човек жив.
Низ шепотот на елки слушнав сине погледни
и што да биде, запомни.
РЕФ
Ова е само наше Скопје, тука ни е се.
И се дури сме живи ќе го сакаме.
Ова е само наше Скопје, тука ни е се.
Овде се дури сме живи ќе се враќаме.
На четири страни прошетав и грев е да се жалам
што под триста неба мојва глава заспала.
Но само еден град на светот има улици
баш за мојте чекори.
И само мојот град знам ќе ме прими в прегратки
в срце штом ми застуди.
РЕФ x2
Ова е само наше Скопје, тука ни е се.
И се дури сме живи ќе го сакаме.
Ова е само наше Скопје, тука ни е се.
Овде се дури сме живи ќе се враќаме.
Овде се дури сме живи ќе се враќаме.