Ти си секаде
каде што одам јас
твојот поглед како да вели:
- Барам забава.
Не ме прашувај
Ноќва сум сосем сам
немам ништо против да бидам
твоја судбина.
Во ноќна игра ти ми пееш
малку треба да ме запалиш
о, дали знаеш да се љубиш
Барем вечерва
биди слободна
и што ќе посакаш
сѐ ќе направам,
љубена.
Ноќта минува
брза на својот пат
денот спрема сонцеви зраци
да не разделат.
Ајде гушни ме
зошто се плашиш ти?
Јас го имам клучот од сите
рајски градини.