Сѐ што ми кажа ти
тежи ко камен на срцево
сѐ што ми вети ти
потешко прави да ми е
но не би кажала збор
што ќе повреди некој од нас
ми остана само да те гледам
во очи без глас
Рефрен :
Дождот нема да ги измие солзите
нека пак ме наврне
само да сум со тебе
време нема да ги лечи раните
ако не ни престане во душава ова невреме
Никој не знае
денот што ќе донесе
и не заборавај дека сакам среќен да заспиеш
ќе мислам на нас
и ќе го чекам денот
да те гушнам пак
и надежта дека ќе биде сѐ во ред
ми остана