Уморно е ова небо ноќва што ме гледа
Сите ѕвезди гасат само една не
Во неа се сите вистини и наши тајни
Една вистина е од мене друга вистина пак од тебе
Сега уморно ти велам оди и не враќај се
Но не заборавај дека
Само за тебе јас пеев, само за тебе се смеев
И кога голтав топли солзи од оваа душа што горко боли
Ги гледав јасно сите бои но со нив крадев слики мои
Лажејќи се себе си јас постоев
Тешко ми е да ги гледам некои лица туѓи
Тешко ми е да те слушам а гласот не е твој
Но најтешко од сѐ е времето што слики носи
Во кои денеска не верувам но сепак блиску јас ги чувствувам
Ќе ме пратат како вечни сенки за цел живот мој потсетувајќи ме дека
Само за тебе јас пеев, само за тебе се смеев
И кога голтав топли солзи од оваа душа што горко боли
Ги гледав јасно сите бои но со нив крадев слики мои
Лажејќи се себе си јас постоев
Ги гледав јасно сите бои но со нив крадев слики мои
Лажејќи се себе си јас постоев
(Само за тебе јас пеев, само за тебе се смеев)
(И кога голтав топли солзи од оваа душа што горко боли)
Ги гледав јасно сите бои но со нив крадев слики мои
Лажејќи се себе си јас постоев
(Само за тебе јас пеев, само за тебе се смеев)