current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Не кани ме [Ne kani me] [Transliteration]
Не кани ме [Ne kani me] [Transliteration]
turnover time:2024-11-16 06:24:26
Не кани ме [Ne kani me] [Transliteration]

Те слушам мирисаш пред мене

а в гради срце и невреме

и не знам како ќе ми помогнеш

за да побегнам од тебе и од себе.

Те слушам и не си верувам,

зар можам таков да бидам јас?

Да љубам кога срце не сака

кога немам никого на дуњава.

Не кани ме, со очите

не барај таква љубов да премолчиме.

Ќе заврне во душава,

еј, таква тажна песна не си слушнала.

Ме боли тоа што немам збор

немам ни уста ни одговор

и кажи, небесна убавино

како да го прелажам јас срцево?

Те слушам ништо не разбирам

љубовта велиш не одбрала

а дали еднаш си ме прашала

дали љубам некого на дуњава.

Не кани ме,со очите

не барај таква љубов да премолчиме.

Ќе заврне во душава,

еј, таква тажна песна не си слушнала.

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by