current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Најмила [Najmila] lyrics
Најмила [Najmila] lyrics
turnover time:2024-11-08 04:05:33
Најмила [Najmila] lyrics

Мирис на лето што ме опива

и снегој бели во душа стопува,

утро ме гали, во раце надеж подава,

а ти ми велиш тивко -- Mоја најмила.

Од небо пеат јужни ветрови

и детска смеа што како река жубори,

под мала сенка од листови детелина

ми се крие тајна мисла, мисла најмила.

Нај-, нај-, најмила од едно небо растена

под едно сонце галена,

нај-, нај-, најмила желба ми е голема

да ми бидеш сон во душава,

на, на, најмила.

Како и да е само добро нека е

и од сите грла песна нека се разлее,

сѐ што е мое ми е убаво,

а сѐ што не е, нека биде поубаво.

Нај-, нај-, најмила од едно небо растена

под едно сонце галена,

нај-, нај-, најмила желба ми е голема

да ми бидеш сон во душава,

на, на, најмила.

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by