Ти кажав сè до збор, од А до Ш
и не ми е дури ниту малку гајле
си кажавме и цел куп глупости
се каравме цела вечер до сабајле
Ќе можеш ли без гнев да разбереш
ќе сфатиш ли ти си лето јас сум зима
и ноќите од жал овенале
за љубовта тука нема здрава клима
А решен бев јас само за тебе да гинам
и илјада и една милја пеш да минам
ќе направев да имаш сè што посакаш
Дај разбуди се го нема сонот на вљубените
и оди си ти чувам место во спомените
но некогаш тргни низ времето и просторот
и дојди на место на злосторот
Ти кажав сè до збор од А до Ш
и не ми е дури ниту малку гајле
си кажавме и цел куп глупости
се каравме цела вечер до сабајле
Ти кажав сè и крај не мачи ме
и дека сум сега веќе без дилеми
не моли ме и дај откачи се
и оди си, само оди без проблеми
А решен бев јас само за тебе да гинам
и илјада и една милја пеш да минам
ќе направев да имаш сè што посакаш
Дај разбуди се го нема сонот на вљубените
и оди си ти чувам место во спомените
но некогаш тргни низ времето и просторот
и дојди на место на злосторот (x3)