Патот се одмотува ко шал
Бистра бело облекла за бал
Небото над неа подсеќа
на едни очи од одамна
Бевме млади уште неизгорени
со срца широко отворени
Со усни што да лажат не знаат
кога љубат искрено, прв пат
Прва љубов е бразда длабока
прва среќа мрак што разбива
Друга ниедна толку невина
чиста како мавровска белина
На вечност наивно се колневме
тивко, тивко, никој да не чуе
а слушна само звезда Деница
таму горе над Меденица
И еве, нова младост нови снегови
крв им врие румени образи
сега тие учат дека можно е
ладна зима срце да загрее
Прва љубов е бразда длабока