Кога дождот ти го удира лицето,
и цел свет ти додева,
јас би можела да ти понудам топла прегратка
за да ја почувствуваш мојата љубов.
Кога вечерните сенки и ѕвездите ќе се појават,
а ќе нема кој да ти ги исуши солзите,
јас би те прегрнувала милион години
за да ја почувствуваш мојата љубов.
Знам дека сè уште не си се одлучил,
но јас никогаш не би те повредила.
Знам уште од мигот кога се сретнавме,
не се сомневам каде припаѓаш.
Ќе гладувам; ќе бидам лоша и тажна,
ќе лазам по улицата.
Не, нема нешто што не би направила,
за да ја почувствуваш мојата љубов.
Бурите беснеат по бурното море
и по патот на каењето.
Иако ветровите на промената се расфрлаат диво и слободно,
сè уште не си видел никој како мене.
Би можела да те усреќам и да ти ги остварам соништата.
Нема што не би направила.
Би отишла и на крајот на светот за тебе,
за да ја почувствуваш мојата љубов
за да ја почувствуваш мојата љубов.