current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Love the Way You Lie [Macedonian translation]
Love the Way You Lie [Macedonian translation]
turnover time:2024-11-19 07:16:52
Love the Way You Lie [Macedonian translation]

[Рефрен: Ријана]

Само ќе стоиш таму и ќе ме гледаш како горам?

Па, во ред е така бидејќи ми се допаѓа како боли.

Само ќе стоиш таму и ќе ме слушаш како плачам?

Па, во ред е така бидејќи сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

[Прва строфа: Еминем]

Не можам да кажам што е, можам само да кажам како го осеќам,

и во моментов е челичен нож во мојот душник,

не можам да дишам, но уште се борам додека можам.

Сé додека погрешното се чини правилно, како да летам,

високо над нејзината љубов, пијан од нејзината омраза.

Како да вдишувам боја и ја сакам, колку повеќе страдам се гушам

и баш пред да се удавам таа ме оживува.

Ама ме мрази и јас го сакам така; „Чекај! Каде одиш?„

„Те напуштам!„ „Не, нема да одиш, врати се!„

Трчаме обратно и после пак сé од почеток.

Толку е лудо бидејќи кога сé оди добро, одлично

јас сум Супермен со ветерот зад мојот грб, таа е Лоис Лејн*,

но кога сé оди лошо, одвратно, толку се срамам

и 'ржам „Кој е типот?„, дури не му го знам ни името.

Дигнав раце над неа, никогаш нема така пак да се понижам,

мислам дека не си ја знам силата.

[Рефрен: Ријана]

Само ќе стоиш таму и ќе ме гледаш како горам?

Па, во ред е така бидејќи ми се допаѓа како боли.

Само ќе стоиш таму и ќе ме слушаш како плачам?

Па, во ред е така бидејќи сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

[Втора строфа: Еминем]

Дали некогаш си сакал некого толку

што едвај дишеш кога си со него?

Се среќавате и на двајцата не ви е јасно што ве сполета?

Го имаш тоа топло нејасно чувство, да, таа се опушта и ти ја земаш,

а сега ти се слошува кога ја гледаш?

Се колнеш дека никогаш нема да ја удриш, нема да ја повредиш,

а сега си ги удирате лицата.

Плукаш отров со твоите зборови кога 'ржеш

ја туркаш, си ги влечете косите, ја гребеш, зариваш прсти, ја тепаш,

ја фрлаш на подот, ја врзуваш.

Загубен си во миговите кога си во неа,

тоа е бесот, тој е злосторникот, ве обзема двајцата.

Па ви велат дека најдобро е секој да оди по својот пат,

изгледа дека не ве познаваат,

бидејќи денес тоа беше вчера, вчера си замина,

друг ден е, звучи како пак да пушташ расипана плоча.

Но и вети дека наредниот пат ќе имаш граници,

не добиваш друга шанса, животот не е игра на Нинтендо.

Но пак лажеше.

Сега гледаш низ прозорецот како си заминува

и осеќаш како таа слика боли.

[Рефрен: Ријана]

Само ќе стоиш таму и ќе ме гледаш како горам?

Па, во ред е така бидејќи ми се допаѓа како боли.

Само ќе стоиш таму и ќе ме слушаш како плачам?

Па, во ред е така бидејќи сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

[Трета строфа: Еминем]

Види, знам дека си кажавме и направивме нешта што не ги мислевме

и се враќаме во истите шаблони, во истите постапки,

но твојот темперамент е исто толку лош колку и мојот.

Ти си иста како и јас кога станува збор за љубов,

исто толку си ослепена, душо, те молам,

врати се, не беше ти, душо, јас бев,

можеби нашата врска не е толку луда како што изгледа,

можеби тоа се случува кога торнадо и вулкан ќе се сретнат,

сé што знам е дека премногу те сакам да за преминам преку тоа,

влези, земи ги торбите од тротоарот.

Не осеќаш ли искреност во мојот глас кога зборувам?

Ти кажав дека ова е моја грешка, погледај ме во очите,

следниот пат кога сум лут ќе удрам со песницата во ѕидот.

Следниот пат? Нема да има следен пат!

Се извинувам иако знам дека се лаги,

изморен сум од игри, само сакам да се врати.

Знам дека сум лажго, ако уште еднаш се обиде да ме напушти

ќе ја заврзам за креветот и ќе ја запалам куќава.

[Рефрен: Ријана]

Само ќе стоиш таму и ќе ме гледаш како горам?

Па, во ред е така бидејќи ми се допаѓа како боли.

Само ќе стоиш таму и ќе ме слушаш како плачам?

Па, во ред е така бидејќи сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

Сакам да ме лажеш така.

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by
Show More Comments
Eminem
  • country:United States
  • Languages:English
  • Genre:Hip-Hop/Rap
  • Official site:http://www.eminem.com/
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Eminem
Eminem
Latest update
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved