Пред касарната,
пред големата капија
стоеше еден канделабар
и се' уште стои тој.
Таму сакаме повторно да се сретнеме
кај канделабарот да стоиме
како некогаш Лили Марлен,
како некогаш Лили Марлен.
Нашите две сенки
изгледаа како една;
дека ние се сакавме
тоа се гледаше веднаш.
И сите луѓе треба тоа да го видат
кога ние кај канделабарот стоиме
како некогаш Лили Марлен,
како некогаш Лили Марлен.
Чекорите твои тој ги знае
твојот убав од,
секоја вечер тој гори
а мене одамна ме заборавил.
И треба ли да ми е жал -
кој ќе стои кај канделабарот
со тебе, Лили Марлен,
со тебе, Лили Марлен?
Од тивката околина
од длабочината на земјата
се издига, како во сон
твојата вљубена уста.
Кога доцната магла ќе се спушти -
кој ќе стои кај канделабарот
со тебе, Лили Марлен,
со тебе, Лили Марлен?
Кога доцната магла ќе се спушти -
кој ќе стои кај канделабарот
со тебе, Лили Марлен,
со тебе, Лили Марлен?