Пред касарната
Пред големата капија
Стоеше еден фенер
И стои сè уште таму
Сакавме таму да се гледаме
Кај фенерот сакавме да стоиме
Како некогаш, Лили Марлен.
Нашите две сенки
Изгледаа како една
Дека се сакаме
Тоа секој го гледаше
И сите луѓе нека видат
Кога кај фенерот стоиме
Како некогаш, Лили Марлен.
Стражарот повика,
Засвира повечерје
Тоа може да чини три дена
Другар, доаѓам веднаш
Си кажуваме догледање
А колку сакав да отидам со тебе
Со тебе, Лили Марлен.
Фенерот го знае твојот чекор,
И твојот убав од
Секоја ноќ тој гори,
А мене веќе ме заборавил
И ако ми се случи најлошо
Кој кај фенерот ќе стои
Со тебе, Лили Марлен?
Од тивкото место,
Од длабочините на земјата
Како во сон ме подигаат
Твоите заљубени усни
Кога ноќната магла ќе затрепери
Ќе стојам кај тој фенер
Како некогаш, Лили Марлен.