Црно бели полиња
ќе го понесат животот под нозе
секој чекор се мери
Верував дека си подобра
и од оние најдобрите
и сето тоа сега ми се осветува
И слепото верување
во твојот збор
кој не му вреди ни на Бога
дали си ми ти за пеколот
само генерална проба
Животот не е фер
бидејќи прави да поверуваш
дека се е возможно, а не е
Лепотица и ѕвер
невозможна мисија
како мене и тебе
црна дама и бел ловец
Како оловни војници
нека раката не поместува
ние сакајќи или не
Како од навика
јас претерувам во се
а уште не сме ниту започнале
Веќе те нареков светица
ама што вреди
бидејќи таа слика сега избледува
зошто горката вистина
барем еднаш не ме поштеди