current location : Lyricf.com
/
Songs
/
La solitudine [Macedonian translation]
La solitudine [Macedonian translation]
turnover time:2024-11-08 11:14:07
La solitudine [Macedonian translation]

Марко си замина и повеќе не се враќа

Возот во 7:30 без него

Е само железно срце без душа

Во утринскиот студ, градското сивило

На училиште клупата е празна, Марко е во мене.

Сладок е неговиот здив - во моите мисли

Огромни далечини сe чини нѐ делат

Но срцето бие силно во мене

Кој знае дали ќе мислиш на мене

Дали со твоите воопшто зборуваш

Дали се криеш како јас

Избегнуваш погледи и остануваш

Во својата соба, затворен и не сакаш да јадеш

Ја прегрнуваш перницата

Плачеш иако не знаеш

Колку повеќе ќе боли осаменоста

Марко во мојот дневник има фотографија

Има очи како дете, малку срамежливо

Ја притискам до срце и се осеќам ко да си тука

Помеѓу домашните по англиски и математика

Твојот татко и неговите совети - каква монотонија

Тој со својата работа те одведе оттука

Сигурно не го побарал твоето мислење

Ти рекол само „Еден ден ќе разбереш“

Кој знае дали ќе мислиш на мене

Дали со другарите ќе зборуваш

(За) да не патиш по мене

Но не е лесно, знаеш ти

Училиштето е неиздржливо

А и секое попладне без тебе

Учењето е бесцелно, сите мои мисли

Се труполат врз тебе

Не е можно да се поделат

Нашите два живота

Те молам чекај ме ти, љубов моја

Не знам јас да мамам

Осаменоста е меѓу нас

Оваа тишина во мене

И немирот да живеам

Живот без тебе

Те молам чекај ме затоа што

Не можам јас без тебе

Не е можно да се подели

Нашата приказна

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by