Кате, лично девојче,
ајде да се земеме,
живот да променеме?
Ајде да се земеме,
свадба да направиме?
Свирки да ни засвират,
тапан да ни зачука,
оро да се развие,
вино да се напие.
Како да се земеме,
свадба да направиме,
кога си пари немаме,
кога си куќа немаме?
Ако пари немаме,
свадба да направиме,
барем си љубов имаме,
барем си севда имаме.
Пари ќе спечалиме,
куќа ќе направиме.
Куќа ќе направиме,
двата ќе се земиме.