current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Како да се радувам [Kako da se raduvam] [Greek translation]
Како да се радувам [Kako da se raduvam] [Greek translation]
turnover time:2024-11-16 09:25:17
Како да се радувам [Kako da se raduvam] [Greek translation]

Сакав да имам живот на море, плажа и песок бел

Да кажам „да“ облечена во фустан и долг вел

Мислев дека сѐ што е добро на светов мене ми следува

Но ништо не е како што замислував

Како да се радувам јас кога надеж немам

Како да се радувам низ сомнежи те гледам

Сакам да се радувам, сакам да заборавам

Но како да се радувам јас кога те немам

Друга да стои помеѓу нас полесно ќе ми е

Може сѐ ќе простев или ќе си заминев

Барем еднаш реален биди кон себе и признај си

Таа болна љубомора твоја нѐ уништи

Како да се радувам јас кога надеж немам

Како да се радувам низ сомнежи те гледам

Сакам да се радувам, сакам да заборавам

Но како да се радувам јас кога те немам

Сфатив дека грешев премногу жалам за сѐ

Сѐ што правев јас беше појако од мене

Долго криев сѐ и чував длабоко во себе

Знам ни малку дека не бев праведен кон тебе

Зависен од тебе како коцкар од рулет

Знаеш ти ми значиш мене највеќе на свет

Да ти го вратам сонот за тоа се спремав

Плажата и белиот песок што ти го земав

Како да се радувам, како да заборавам

Сакам да се радувам, сѐ да заборавам

Како да се радувам, како да заборавам

Сакам да се радувам, сѐ да заборавам

Како да се радувам јас кога надеж немам

Како да се радувам низ сомнежи те гледам

Сакам да се радувам, сакам да заборавам

Но како да се радувам јас кога те немам

Како да се радувам, како да заборавам

Сакам да се радувам, сѐ да заборавам

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by