Билjана1 платно белеше
на охридските извори,
оздола идат винари,
винари белограѓани2.
Винари белограѓани
кротко терајте карванот,
да не ми платно згазите,
Платното ми е даровно,
за свекор и свекрва
за девер и за jатрва.
Билjано, момe убавo,
ако ти платно згазиме,
со вино ќе го платиме,
и бела лута ракија.
Јаc не ви сакам виното,
тук ви го сакам момчето,
што напред тера карванот,
и капче носи над око
1. правилно се чита Биљјана (IPA: 'Biʎjana) 2. луѓе од местото Белград, најпознатиот локалитет и лозарско-винарски предел во тиквешкиот крај, исто препознатлив по најубавото македонско вино.