Чекорам сам, улици празни
прсти ме горат за твојата рака
Дали ме сретна за да ме казниш
Да не те гледам, а да те сакам
Последен пат кога те гушнав
посакав вечно да траеме ние
Најди си друга -- од тебе слушнав
ноќта те зема за да те скрие
Го молам ноќва небото да ми те врати
До твоето срце студено поздрав да испрати
Нема што не би направил за да те видам
Душава плаче за, тебе каде да отидам?
Те љубам......
Љубовта е волшебна птица,
секаде лета, утеха бара
Далечни луѓе, далечни лица,
толку ми требаш, о љубов моја