Филка мома моле Бога
да ја сторе леле, едно пиле
да прелета леле, ширно море
да си иде леле, ју Солуна.
Да си иде, ју Солуна
ју в' чаршија леле, на сергија
да си купе леле, aскуприна (астурена)
да ѝ шие леле антерија.
Да ѝ шие, антерија
д'лга, д'лга леле, ем широка
да се веје леле, до земјата
да ја гале леле, калдрмата.
Филка ќ' оде, на орото
на орото леле, кукушкото
дек' што играт леле, с'л ергени
с'л ергени леле, кукушани.
Да ја видат, ергените
ергените леле, кукушките
за да пукнат (да запукат) леле, комшиите
комшиите леле, душманите.