Еј, Словени, жив е тука
зборот свет на родот
штом за народ срце чука
преку син во внукот!
Жив е вечно, жив е духот
словенски во слога.
Не нѐ плашат адски бездни
ниту громов оган!
Пустошејќи, нека бура
и над нас се втурне!
Пука даб и карпа сура,
тлото ќе се урне:
Стоиме на стамен-прагот
- клисури и бедем!
Проклет да е тој што предал
Родина на врагот!