Сенките со погледот ги ловам
ниедна на тебе не е слична
што вреди и планови да ковам
ти си премногу необична,
Доаѓаш на килими од свила,
улици зад тебе песни свират,
туѓа си а уште си ми мила,
штом те сретнам срце запира,
Ех, да сум злато,
на гради да ти заспивам,
од тага да се скријам,
Ех, да сум вино,
на усни да ти заиграм,
од тебе да се опијам,.
Купуваш од дождот капка нежност,
ранлива а горда кога лажеш,
кутија со писма полни верност,
секој сака да му покажеш,
Доаѓаш на килими од свила,
улици зад тебе песни свират,
туѓа си а уште си ми мила,
штом те сретнам срце запира