Еј господине,
Гледам имате цркви со златни кровови
Но мојот народ е најбогат на свет
со песни, вино и пријатели
Драга госпоѓо
Кај вас сонцето од четири страни
грее топол зрак
Но не е потопло од срце мајчино
што желно чека да ѝ пројдам праг
Само дома си е дома
ми шепне секој друм
Каде и да одам во мисли таму сум
На Велигден штом ѕвона забијат
милион ѕвезди горат за Македонија
Ти убавице,
ти ми нудиш сѐ да останам и да заборавам
Но, едни очи две ме исплакале
и брзам солзи да им избришам
Само дома си е дома
ми шепне секој друг
Каде и да одам во мисли таму сум
На Велигден штом звона забијат
Милион звезди горат за Македонија