Колку улици на овој свет
се улици полни со солзи и страдање?
Колку мориња на овој свет
се мориња на тага?
Колку мајки се веќе долго сами
и чекаат и чекаат до ден-денес?
Одговорот, пријателе мој, го знае само ветерот
Одговорот го знае само ветерот
Колку луѓе денес сеуште не се слободни
а со задоволство би биле?
Колку деца одат навечер на почивка
и од глад не заспиваат?
За колку желби во ноќта се моли?
Кога ќе биде поинаку за нас?
Одговорот, пријателе мој, го знае само ветерот
Одговорот го знае само ветерот
Колку големи планини од пари попусто се трошат
за бомби, ракети и смрт?
Колку големи ветувања дава денес некој
и не ублажува со тоа никаква невоља?
Какво зло уште мора да се случи
за да човештвото се освести?
Одговорот, пријателе мој, го знае само ветерот
Одговорот го знае само ветерот
Одговорот, пријателе мој, го знае само ветерот
Одговорот го знае само ветерот