current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Dans ma rue [Macedonian translation]
Dans ma rue [Macedonian translation]
turnover time:2024-12-20 01:44:48
Dans ma rue [Macedonian translation]

Живеам на аголот, на стариот Монмартр

Татко ми си доаѓа пијан дома, секоја вечер

И за да нè прехрани сите четворица

Мојата кутра мајка работи во пералницата

Кога сум болна, седам покрај прозорецот

Гледам како луѓето одат некаде

И кога денот полека избледува

Има некои чудни работи кои малку ме плашат

На мојата улица, има луѓе кои се шетаат

Ги слушам како шепотат во ноќта

Кога ќе заспијам, успиена од некоја песна

Одеднаш, се будам од врисоците,

Свирежите и демнечките чекори

Што доаѓаат и проаѓаат.

Потоа тишина, од која ми запира срцето

На мојата улица, има сенки, кои талкаат наоколу

А јас треперам, ладно ми е, и се плашам

Еднаш татко ми ми рече: „Ќерко,

Не може да останеш овде вечно

За ништо не си му од корист на семејствово

Треба да видиш како се заработува лебот

На мажите си им убава

Само треба да излегуваш ноќе

Има многу жени кои заработуваат за живот

Шетајќи по тротоарите“.

На мојата улица, има жени кои се шетаат

Слушам како потпевнуваат во ноќта

Кога ќе заспијам, успиена од некоја песна

Одеднаш, се будам од врисоците,

Свирежите и демнечките чекори

Што доаѓаат и проаѓаат.

Потоа тишина, од која ми запира срцето

На мојата улица, има жени кои се шетаат

А јас треперам, ладно ми е, и се плашам

Веќе недели и недели,

Немам повеќе дом, немам ни пари

Не знам како другите девојки успеваат,

Но, не можев да си најдам муштерии

Молев за милост од минувачите

За парче леб, малку топлина

Не сум некоја смела девојка

Но, сега јас сум таа од која луѓето се плашат

На мојата улица, секоја вечер се шетам

Можете да ме слушнете како навечер липам

Кога ветрот ќе си ја засвири старата песна кон небото,

Телото ми е изѕемнато од дождот,

Веќе не можам да издржам, и всушност чекам

Бог да дојде и да ме земе

И да ме покани да се стоплам покрај Него

На мојата улица, има ангели кои ме водат

Засекогаш, мојот кошмар, е завршен!

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by
Show More Comments
Zaz
  • country:France
  • Languages:French, Spanish, Italian, Lingala, English
  • Genre:Jazz, R&B/Soul, Singer-songwriter
  • Official site:http://www.zazofficial.com/
  • Wiki:https://fr.wikipedia.org/wiki/Zaz_(chanteuse)
Zaz
Latest update
Copyright 2023-2024 - www.lyricf.com All Rights Reserved