current location : Lyricf.com
/
Songs
/
Да можев да те погледнам [Da možev da te poglednam] lyrics
Да можев да те погледнам [Da možev da te poglednam] lyrics
turnover time:2024-11-17 09:19:56
Да можев да те погледнам [Da možev da te poglednam] lyrics

Да можев да те погледнам, чисто без суета

бар еднаш да те погледнев, со очи на дете

ќе видев каде грешиме, зошто јас велам не

Поинаку ќе беше сѐ...

Од своја рака ранета овде не останав,

и чекорев по трнлив пат, што го одбрав сама

И сакав да ти докажам, ништо не ќе изгубам,

без тебе можам да преживеам...

Некогаш ќе се сретнеме, ти со неа, а сама јас

Некогаш пак ќе плачеме, и двајцата

Тогаш кога ќе е предоцна за нас, ти ќе дознаеш,

Те сакам јас отсекогаш...

Да можев да те погледнам, во очи без суета

ќе можев се да променам, можеби тогаш јас,

Се лажев себе гордоста слепа е и сурова,

и мислев можам да те преболам...

Некогаш ќе се сретнеме, ти со неа, а сама јас

Некогаш пак ќе плачеме, и двајцата

Тогаш кога ќе е предоцна за нас, ти ќе дознаеш,

Те сакам јас отсекогаш...

Од сѐ што имам денес, те немам само тебе

И не можам да најдам мир...

Си имам свое место, ни широко, ни тесно,

но во него ми фалиш ти...

Да можев да те погледнам, во очи без суета

ќе можев се да променам, можеби тогаш

не требаше да веруваш кога лажев од бес,

те сакав и те сакам сѐ уште...

Comments
Welcome to Lyricf comments! Please keep conversations courteous and on-topic. To fosterproductive and respectful conversations, you may see comments from our Community Managers.
Sign up to post
Sort by