Цветините очи черешови
Сношти ги видов расплакани.
- Цветано моме убаво,
Што си ми, Цвете, нажалена,
Нажалена, расплакана?
- Дали ти е мајка умрела
Или е болен татко ти,
Или те тебе посвршија
За друго либе што не сакаш?
- Ниту ми е мајка умрела,
Ниту е болен татко ми,
Либето војник ми замина
Во таа града Битола.
Од него писмо јас немам,
Зато сум толку нажалена,
Затој сум толку нажалена,
Нажалена, расплакана.
- Не плачи, Цвете, не жали,
Либето писмо испрати,
Либето писмо испрати,
До твојта верна другарка.