Бор садила мома Евгенија,
Бор садила , ем Бога молила [2x]
„Дај ми Бозе бор да ми порасне,
Да се качам на борови вејки [2x]
Да здогледам сред море гемија,
Во гемија- окован делија [2x]
Раце му се синџир- заврзани,
Нозе му се франги- оковани.
Раце му се синџир- заврзани,
Нозе му се бука- оптегнати.
На рамо му се два сива сокола“
Го прашува мома Евгенија [2x]
„Со што раниш два сива сокола?“
„Меса сечам , соколи си ранам,
Солзи леам , вода ги напивам“